Во петок Отворен ден во РЦСОО "Ванчо Питошески" - Охрид

Во Петок 27.05.2022 година во РЦСОО “Ванчо Питошески“-Охрид, во периодот од 10,00 до 15,00 часот, ќе се одржи Отворен ден на кој ќе се презентираат образовните профили од секторот за угостителство и туризам и дуалните паралелки.
 
Отворениот ден ќе биде посетен од страна на деветтоодделенците, социјалните партнери и претставници од Министерството за образование и наука