Од кујната на Виолета - ледена пудинг торта

Уште едно слатко задоволство пристигнува од кујната на нашата Виолета. Денес таа со нас го споделува рецептот и постапката за подготвување ледена пудинг торта.

Еве што се е потребно :

4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
700 мл млеко
1 пудинг од ванила
1 пудинг од чоколадо
100 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
6 лажици шеќер

Најпрво се двојат белките од жолчките. Белките се матат пенесто со 4 лажици шеќер, во нив се додаваат жолчките и се бие се додека се соедини смесата. Се исклучува миксерот и се додава брашното и прашокот за печиво. Се меша полека со шпатула и се истура смесата во плех 20х30 обложен со хартија за печење. Се пече на 200°С 10минути.

Потоа се подготвува филот.
Пудингот од ванила со 350 мл млеко и 3 лажици шеќер се вари, истото се повторува и со пудингот од чоколадо. Се оставаат да се изладат.

100 гр маргарин заедно со 100 гр шеќер во прав се мати со миксер и смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додава оладениот пудинг од ванила,во другиот дел се додава пудингот од чоколадо.

Пандишпанот се дели на 2 дела, се става на соодветен сад и се филова најпрво со филот од чоколадо, се става втората половина од пандишпан па се нанесува филот од ванила.

Се декорира со 2 шлаг пена направени според упатството.

Поврзани блог статии