Денес започна 23-то издание на "Распеано Рибарче"

Денес започна 23-то издание на фестивалот на детски песни "Распеано Рибарче". 

Нови 13 песнички донесува најновото издание на овој реномиран фестивал, кој после паузата од две години, повторно се врати на својата сцена. 




Фестивалот започна денес со три претстави за учениците од основните училишта и градинките од Охрид, за кои и утре ќе бидат организирани две претстави на ова издание, додека пак, завршниот концерт ќе се одржи утре во 19 часот. 

На завршниот концерт како гости ќе настапат и две дечиња со две песнички од Радика Фест од Дебар. 

Фестивалот "Распеано Рибарче" своето прво издание го имаше 1998 година.