Од кујната на Виолета - јапонски блини

Во нашата мала кујна, креативната Виолета постојано ни подготвува слатки задоволства, кои несебично ги споделува и со вас. 

Овој четврток Виолета ни подготви јапонски блини, а доколку не сте го подготвувале овој десерт, еве можност да научите како се подготвува. 

За подготовка потребно е: 

2 јајца 
40 грама шеќер
1 лажица мед
1 ванилин шеќер 

Наведениве состојки се разматуваат со маталка, а потоа во нив се додава: 

90 грама брашно
половина кесичка прашок за пециво
10 мл вода 

Од подготвената смеса со лажица се става на тефлонска тава без намрсување на тавата.  Виолета не препорачува да употребувате друг вид тава, бидејќи нема да успеете да ги подготвите блините, односно ќе се залепат на тавата и нема да можете да ги превртите. 

За една блина потребна е една лажица од смесата. Печењето е на умерена температура, а потоа подготвените блини се соеднинуваат по две, лепејќи ги со нутела. 

На здравје!