IKEA промовираше „уштипци“ за бубачки

Шведскиот бренд за мебел IKEA и непрофитната еколошка организација World Wildlife Fund (WWF) отпочнаа заедничка кампања на данскиот пазар како дел од која нудат „уштипци“ за бубачки.

Базирани врз стандардните шведски уштипци од месо и нивната веганска алтернатива кои што им се служат на луѓето во рестораните на IKEA во склоп на нивните продавници за мебел, овие „уштипци“ се наменети за бубачки и поттикнување на биодиверзитетот.

Наречени “Swedish Seedballs” („шведски семенски топчиња“), тие претставуваат смеса од земја, глина и растителни семиња, кои луѓето можат да ги „сервираат“ во своите градини или балкони. Од овие топчиња евентуално ќе изникнат разни видови на диви ливадски растенија, кои потоа ќе им служат како храна на инсектите.

 
 

Уштипци за бубачки“ ќе бидат ексклузивно достапни за членовите на програмата за лојалност IKEA Family. Истовремено, брендот јавно сподели насоки за тоа како луѓето можат да „приготват“ сопствени „уштипци за бубачки“.

Маркетинг 365