Heineken со целосно црна реклама која заштедува доволно енергија за мал град

Пивскиот бренд Heineken на бразилскиот пазар емитуваше целосно црна реклама, со цел да ја подигне јавната свест и да ги покани Бразилците да земат учество во компанискиот проект за зелена енергија.

Како што пренесува порталот Маркетинг 365, целосно црната реклама била создадена користејќи неосветлени екрани и беше емитувана за време на бразилскиот „прајм тајм“, достигнувајќи до 33 милиони телевизори ширум државата.

Според консултантската компанија LuzIS Consultancy, со емитувањето на „црната реклама“ било заштедено доволно електрична енергија за да се напои мал град во Бразил од околу 57,000 жители за време од неколку часови.

Од Heineken исто така потврдија дека регистрациите за нивниот проект го доживеале својот најголем „пик“ при емитувањето на рекламата.

Heineken Brazil почна да користи обновливи извори на енергија за производство на нивното пиво во 2020, а нивниот проект за зелена енергија има цел да донесе 40% обновлива енергија до партнерските барови и ресторани до 2030 година.

Кампањата беше осмислена и реализирана со помош на агенцијата Publicis Brazil.

 
 
Извор: www.inovativnost.mk