Саем на книга на Матица македонска во Охрид

Во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од понеделник до петок (11.04 – 15.04 ) 2022 г. посетете го Саемот на книга од издавачот Матица македонска.

Работно време на Саемот ќе биде од 11.00 – 17.00 часот. 

Поканата и просторот се на охридската Библиотека, книгите од издавачот Матица, а продажбата е на книжарницата "Просвета" од Охрид. 

Од Библиотеката потсетуваат дека вакви Саеми се планираат и во иднина со останатите издавачки куќи од земјава.