Хуманитарен настан посветен на децата со ретки болести

На 17 април во Охрид ќе се одржи првиот хуманитарен собир организиран од "Cars club mk". 

На настанот кој ќе се одржи на плажата Горица 3 (на паркингот Славија) од 13 до 19 часот, ќе имате можност да купите стикери од cars_club_mk, привезоци и слично.

Влезницата за овој настан чини само 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести. 

Настан кој вреди да се посети! Да бидеме хумани!