Од кујната на Виолета - штрудла со јаболка

 Четврток е ден за вкусни и неодоливи рецепти во нашата кујна. Денес Виолета ни подготви штрудла со јаболка.

Проследете го рецептот:

500 гр кори (Виолета денес ги користеше корите на Хастел)
5 големи јаболка
Половина лажичка цимет
5 лажици шеќер
5 лажици гриз
100 гр крупно мелен орев.

Јаболката се лупат, се рендаат и се ставаат во подлабок сад.

Се додава шеќерот, гризот, циметот и оревот.

Се меша со лажица за да се соединат состојките.

Корите се делат на 5 еднакви дела.

Еден маргарин се растопува на оган и секоја кора се премачкува со четка од растопениот маргарин.

На секоја од веќе наредените кори се става од филот и се витка во ролат.

Целата постапка се повторува и со останатите кори.

Треба да се добијат 5 ролати.

Се ставаат во подмачкан плех и се печат во добро загреана рерна 15 минути на 200°С и уште 15 минути на 150°С.

Откако се испечат и изладат се сечат во посакуваната големина.

Се наросуваат со шеќер во прав.