Три дена Саем на книгата - дојдете, видете, купете!

Од 29 до 31 март, (вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги.

Читателите ќе можат да одберат  книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома Македонска книжевност, Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, Ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.

Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката.