Ноќеска започнува летното сметање на времето

Од вечерва  во два часот по полноќ, часовниците ќе се поместат еден час напред, со што ќе започне летното сметање на времето.

Последниот викенд од март, стрелките се движат еден час напред, додека во октомври часовникот се враќа еден час наназад. Идејата зад летното и зимско сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Последниве години се повеќе се зборува за укинување на ваквата пракса за преминување на летно и зимско сметање на времето.

По дискусиите на ниво на Европска Унија, во 2019 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на оваа пракса во 2021 година. Сепак, за тоа да се случи, заеднички став треба да изградат 27-те земји членки на Унијата.