Почнува изградбата на најголемиот батериски систем во светот

Во Белгија почнува изградбата на проектот кој ќе биде најголемиот батериски систем за складирање енергија во светот (BESS), со капацитет од 25MW / 100MWh.

Системот за складирање енергија на база на литиум-јонски батерии на компанијата Nala Renewables ќе биде оперативен во Бален во белгискиот регион Фландрија до крајот на 2020 година, во рамките на топилницата за цинк на компанијата Nystar.

Nala Renewables е заеднички проект на трговецот со берзанска стока Trafigura и на компанијата IFM Investors, односно станува збор за заеднички проект на Јапонија и Белгија. Во проектот во Бален ќе бидат инвестирани 30 милиони евра. Исто така, и локалната фламанска влада ќе инвестира 1 милиони евра од фондот за стратешка поддршка на заштитата на локалната животна средина.

„Меѓународната енергетска криза и нападот на Русија врз Украина ни покажаа дека потребни се големи инвестиции во локалното производство на чиста енергија со цел да ја намалиме зависноста од странските земји. За жал, обновливата енергија не е на дофат на рака во секој момент, па нејзиното складирање е неопходно“ изјави Зухал Демир, фламанскиот министер за енергетика и зажтита на животната средина.

Проектот во Бален ќе придонесе за баланс и стабилност на електро-енергетската мрежа. Неодамна тој систем победи на аукцијата за резервни капацитети која ја организираше мрежниот оператор ELIA.

Целта на компанијата Nala Renewables е да развие вкупно 4GW проекти за обновлива енергија. Тие би биле во функција, во изградба или до доцни фази од развојот до 2025 година. Минатата година целта на компанијата била половина од сегашната.

Nyrstar е компанија-ќерка на Trafigura. И од двете компании велат дека Nala Renewables ќе ги гради и ќе управува со проектите во близина на рударски инфраструктурни проекти, проекти во пристаништа и топилници на компанијата Trafigura.

(Bizlife)

(фото: Trafigura)

www.inovativnost.mk