Кои се најсреќни луѓе на светот? Рангирани се и Македонците

По петти пат по ред, Финска е прогласена за најсреќна земја во светот.

Извештајот, кој ги истражувал и ефектите од кризата поради пандемијата со ковид врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат американски научници врз основа на податоците добиени од Институтот Галуп.

Според извештајот, по најсреќната Финска следат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Австрија е на 11 место, Германија е на 14 место, Канада е на 15 место, а САД се на 16 место.

Хрватска е на 47. место, Словенија на 22., Србија на 43. место, БиХ е на 67. место, додека Македонија е на 89 место.

 
На дното на листата со повеќе од 150 земји се Авганистан, Либан и Венецуела.

Извештајот се заснова на податоци од последните три години. Научниците забележале значително зголемување на таканаречените дела на љубезност за време на пандемијата.

„Помагањето на странците, волонтерството и донациите во 2021 година нагло се зголемиле во сите делови на светот, достигнувајќи нивоа речиси 25 отсто повисоки отколку пред пандемијата“, велат тие. 


Извор: www.inovativnost.mk