Од кујната на Виолета - рецепт за вкусни тулумби

 Овој четврток засладете со неодоливите тулумби.
 
Нашата драга Виолета со нас споделува рецепт и постапка како да подготвите највкусни тулумби.
 
500 мл вода
100 мл масло
Прстофат сол
3 гр прашок за печиво
450 гр брашно
15 гр нишесте
6 јајца

Шербет:
1 кг шеќер
800 мл вода
2 ванилин шеќер
Неколку капки лимон

Најпрво се вари шербетот и се остава да се излади.

Маслото, водата и солта да зовријат и им се додаваат претходно измешаното брашно, нишесте и пециво. Непрекинато се меша со рачна маткалка се додека не фати коричка на тенџерето.

Се остава да се излади.

6 јајца со миксер се матат и со лажица им се додава од тестото, се добива мазно, меко тесто.
1 литар масло се става во длабок сад за пржење, со тулумбарник се формираат тулумби од 5,6 см....Се тураат во ладно масло и се става на оган да се пржат.

Откако се испржи првата тура маслото се остава да се олади и се така се додека има тесто.

Жешки тулумби се ставаат во ладен шербет.


 

Поврзани блог статии