Од кујната на Виолета - рецепт за највкусни крофни

Овој четврток нашата драга Виолета повторно беше многу вредна и ни подготви превкусни крофни.

Следува рецептот и постапката:

250 мл млако млеко
30 гр свеж квасец
2 јајца
3 лажици шеќер
Половина лажиче сол
1 прашок за печиво
2 ванилин шеќер
1 лажица ракија
Рендана кора од лимон
Брашно по потреба

Од сите состојки се меси убаво меко тесто кое се остава да надојди 30-тина минути.

Од цело тесто се отвора кора од 1 см со сукалка и со чаша се сечат форми.

Сечените крофни се оставаат да одморат 20-тина минути.

Во добро загреано масло се пржат со капак од обратната страна на крофната, откако заруменат се вртат и се пржат без капак.

Така пржени се наросуваат со шеќер во прав.