Научници од Харвард се на чекор до создавање лек за мултиплекс склероза

Инфективната мононуклеоза, позната и како болест на бакнежот, може да биде одговорна за развојот на мултиплекс склероза, сметаат научници од Универзитетот Харвард, а своите резултати ги објавија во списанието Science.

Новата студија укажува на тоа дека оваа хронична болест на централниот нервен систем, која погодува околу 2,8 милиони луѓе во светот и за која засега нема познат лек, може да предизвика инфекција со Епстајн-Бар вирусот, односно вирусот на херпес кој предизвикува инфективна мононуклеоза.

Болеста колоквијално се нарекува и болест на бакнежот затоа што се пренесува преку плунка. Вирусот Епштајн-Бар, познат и како хуман херпсервирус4, не е пронајден во човековата околина и не е многу заразен. Се пренесува со телесни течности, особено плунка, но и преку крвта и семените течности, како и со трансплантација на органи или трансфузија на крв. Само 5% од болните се заразуваат со акутна инфекција. Инфекцијата во раното детство е почеста во семејствата со низок социоекономски статус и во лоши услови за живеење.

Мононуклеозата се манифестира со замор, треска, осип и доста отечени жлезди, а истражувачите веруваат дека вирусот Епштајн-Бар може да биде една од главните причини за развој на мултиплекс склероза. За да утврдат поврзаност меѓу вирусот и мултиплекс склерозата научниците направиле студија на 955 млади возрасни луѓе на кои им била дијагностицирана мултиплекс склероза додека активно служеле војска.

Тие анализирале примероци од серумот кој испитаниците од војската го земале две години и го одредувале статусот на вирусот кај испитаниците во времето на земањето на првиот примерок, како и односот меѓу инфекцијата и појавата на мултиплекс склерозата за време на активното служење војска. Се покажало дека во споредбата на примероците со 10 милиони припадници на војската ризикот од појава на мултиплекс склероза се зголемил за 32 пати после заразата со вирусот Епштајн-Бар.

Ова е голем чекор напред затоа што укажува на тоа дека најголем дел од случаите на мултиплекс склероза може да се спречи со вакцина, а терапијата против вирусот Епштајн-Бар може да резултира со откривање на лек за мулитплекс склероза.

Моментално нема начин на кој ефикасно би се спречила или би се лечела инфекцијата со вирусот, но развојот на вакцина против Епштајн-Бар може да има битна улога во борбата против мултиплекс склероза. Вакцината против вирусот или антивирусните лекови специфични за тој вирус може на крај да спречат или да излечат мултиплекс склероза, велат научниците.

(Zimo)

www.inovativnost.mk