Најпопуларниот јутјубер минатата година заработил 54 милиони долари

Иако професиите јутјубер и инфлуенсер на Instagram илиi TikTok не постоеја пред десетина години, денес многу млади кога ќе пораснат го работат токму тоа. Додека порано нивните амбиции беа поинакви и сакаа да бидат доктори, астронаути, наставници итн, днес сакаат да бидат ѕвезди во дигиталниот свет.

Тие кои навистина ќе успеат во тоа на своите канали привлекуваат милиони следбеници и имаат исто толку прегледи и можат да заработат неверојатни пари за само една година. Тие пари се многу повеќе отколку што некои луѓе ќе заработат во текот на целиот живот работејќи друга работа.

За колкави суми се работи дознаваме од Forbes, кој објави листа со десетте најпопуларни јутјубери кои најмногу заработиле минатата година. Првите десет заедно заработиле околу 300 милиони долари во 2021 година.

Луѓето кои најмногу заработуваат на YouTube немаат секогаш најголем број прегледи на своите видеа, туку имаат профитабилни договори со партнери и спонзори и заработуваат од продажбата на својата роба.

По прв пат на челно место на листата со најплатени јутјубери е 23-годишниот Џими Доналдсон, кој на YouTube е познат како MrBeast. Тој минатата година заработил дури 54 милиони долари, а неговите видеа се прегледани повеќе од 10 милијарди пати.

На второ место е Џејк Пол, за кој е ова прво појавување на листата после 2018 година, а минатата година заработил 45 милиони долари. На оваа листа по прв пат после 2017 година се најде и неговиот брат Логан, кој се наоѓа на 9. место со 18 милиони долари.

На трето место се наоѓа гејмерот Markiplier со заработка од 38 милиони долари, па Rhett and Link и на петто место е Unspeakable, кој е добро познат на сите љубители на Minecraft. После него се детските јутјубери – седумгодишната Настја со 28 милиони долари и Рајан Каџи со 27 милиони долари, кој минатата година беше на чело на оваа листа.

На осмо место со заработени 20 милиони долари е комедијантот Dude Prankster, додека на последното место на листата е Престон Арсмент.

(BBC)

(фото: Max Pixel)

 
www.inovativnost.mk