Доналд Трамп во февруари ќе ја лансира својата социјална мрежа Truth Social

Откако Facebook и Twitter му забранија да ги користи нивните социјални мрежи, Доналд Трамп го изгуби омилениот канал на комуникација затоа што таму секојдневно ги споделуваше своите мислења со милиони обожаватели на Twitter. Но, наместо на тие мрежи, Трамп одлучи да стартува сопствена социјална мрежа.

Пред неколку месеци официјално беше објавен планот за лансирање на мрежата Truth Social, која ја развива компанијата Trump Media & Technology Group (TMTG), a при претставувањето синот на Трамп изјави дека новата мрежа на сите ќе им овозможи изразување на своите чувства. Нагласи и дека една од целите ќе им биде борбата против т.н. Big Tech компании, односно технолошките гиганти кои имаат најголемо влијание и контролат над интернет просторот како што е Facebook.

Според досега објавените информации, Truth Social треба да биде слична на омилената мрежа на Трамп – Twitter. Таму ќе може да се објавуваат статуси и останати содржини и ќе може да се следат корисници и актуелни теми.

Не беше објавено кога социјалната мрежа ќе стане достапна за сите корисници, но минатата недела многу медиуми објавија дека тоа ќе се случи на 21 февруари. Значи, сите фанови на Трамп и тие што бараат некоја алтернативна мрежа која ќе им овозможи поголема слобода на говорот ќе добијат таква шанса идниот месец.

После социјалната мрежа планираат и претплатнички видеосервис, кој ќе вклучува вести, забавни содржини и подкасти.

(The Guardian)

(фото: Wikimedia)

www.inovativnost.mk