Кина го пушти во употреба најдолгиот подводен тунел

После четири години изградба, Кина го отвори својот досега најдолг подводен тунел кој е дел од автопат.

Станува збор за тунелот Таиху, долг 10,79 км, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу. Властите соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а изградбата почнала на 9 јануари 2018 година.

Во изградбата на двонасочниот тунел биле искористени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на шесте ленти од автопатот изнесува 17,45 метри. По должината на тунелот е поставено ЛЕД осветлување во бои дизајнирани да гo спрeчи заморот кај возачите.

Инаку, тунелот е дел од автопатот Чангжу-Вукси, долг 43,9 км, кој е отворен на 30 декември 2021 година. Овој автопат претставува алтернатива за патниците кои патуваат меѓу Шангај и Нанџинг. Новиот автопат ги поврзува автопатите Сужу, Вукси и Чангжу и има задача да го намали сообраќајниот притисок на градовите покрај езерото Таиху и да го промовира развојот на градовите во делтата на реката Јанг-Це.

 

Најдолгиот подводен тунел во светот се наоѓа во Норвешка. Тоа е тунелот Рајфаст, долг 14,2 км, кој ги поврзува Ставангер и Странд.

(klix.ba)

(фото: YouTube)

 
www.inovativnost.mk