Мир Божји. Христос се роди!

Божиќ е втор најголем христијански празник, по Велигден.

Црквите кои го користат грегоријанскиот календар вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни  цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Со вечерата на  Бадник  завршуваат предбожиќните пости. Божиќната трпеза е разновидна и свечена, па семејството по традиција, празникот го прославува најчесто во својот дом со богат ручек, а денот е неработен  за сите верници.


На сите православни верници, редакцијата на Ohrid Magazine им го честита рождеството Христово – Божиќ!  Христос се роди!