Здраво машко бебе е првото новороденче во Новата 2022 година во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.
Градоначалникот Пецаков ги посети и во името на граѓаните на Охрид и во свое лично име им честита на семејството Митков за нивната принова и им посака новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек.


Голема благодарност градоначалникот упати до лекарскиот тим кој го изврши породувањето: доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал.
Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.