Од празничната кујна на Виолета - ванилици во Новогодишно руво

Нашата драга Виолета, денес, предпразнично, ни подготви ванилици во новогодишно руво🎄🎄🎄
 
Со вас споделуваме што се е потребно и како се  подготвуваат овие ванилици:

250 гр маргарин
1 јајце
1 лажица екстракт од ванила
5 лажици шеќер
450 гр брашно

Се меси, се сучи кора и со форми по ваша желба се сечат.

Се печат околу 15 минути на 180°С

За декорацијата или ројал ајсингот потребно е:

1 белка од јајце
 180-200гр шеќер во прав
Неколку капки од лимон

Белката се мати пенасто и постепено се додава шеќерот во прав,на крај се додаваат неколку капки цеден лимон.
 
Виолета на сите читатели на Охрид магазин им ја честита Новата година.