Јапонци развиваат вакцина која ќе придонесе луѓето да станат бесмртни

 Научници од Јапонија тврдат дека направиле чекор напред во продолжувањето на животниот век на човекот и тоа после успешно испитување на вакцина против ќелиите кои придонесуваат за стареење на човечкото тело.

Истражувачи од токискиот Универзитет Јунтендо порачаа дека до ова сознание дошле после лабораториски испитувања на глувци. Сугерираат дека оваа вакцина може позитивно да влијае на здравствената состојба предизвикана од стареењето.

„Mожеме да очекуваме дека вакцината ќе се користи против аневризми, дијабетес и здравствени тешкотии предизвикани од стареењето“ изјави професорот Тору Минамино.

Челникот на Лабораторијата за изучување на ракот и стареењето на Универзитетот Лејчестер, д-р Салвадор Мацип, укаажа дека претходните лабораториски испитувања на глувци покажале дека може да се оневозможи намножувањето на клетките за стареење од 15% до 35%. Меѓутоа, уште не е утврдено колку долго тоа може да го продолжи животниот век.

„Ова е многу интересно прашање за тоа не постои единствен став. Поединци веруваат дека постои тврда граница на животниот век – се претпоставува дека тоа е 130 години. Но, некои сметаат дека бесмртноста е сепак возможно да се оствари“, изјави Мацип.

Според него, прерано е да се заклучи колку долго може да се продолжи животот, односно дали може да се биде бесмртен. Се очекува дека нема долго да чекаме за да видиме кој е конечниот одговор на ова прашање.

(Euronews)

(фото: Wikimedia)

www.inovativnost.mk