САД ја одобрија таблетата на Pfizer за лекување на корона вирусот

Американската Агенција за храна и лекови одобри итна употреба на антивиралната таблета на Pfizer за лекување на благи до средно сериозни случаи на корона вирусот.

Овој потег на Агенцијата следува откако таблетата, која се вика „павлоксид“ (Paxlovid) се покажа ефикасна во намалување на ризикот од хоспитализација и смрт кај околу 89% од луѓето кои учествувале воклиничките тестирања.

Лекот ќе биде достапен за пациенти од 12 години нагоре кои се ризична група за појава на сериозна инфекција од КОВИД-19. Пациентите кои ќе добијат таков третман ќе треба да пијат по 6 таблети на ден во текот на 5 дена. Таблетата ќе мора да се препише веднаш после поставувањето на дијагнозата. Ова е првиот антивирален лек кој е одобрен за третирање на КОВИД-19. Федералната власт се согласи да му плати 5,3 милијарди долари за 10 милиони дози од лекот.

Претходните истражувања покажаа дека „павлоксид“ може драстично да го намали ризикот од хоспитализација од КОВИД-19. Во една студија околу 1.400 високоризични невакцинирани возрасни лица примале „павлоксид“ или плацебо во текот на првите 5 дена од појавата на симптомите. Само 5 од околу 700 пациенти кои го добиле лекот биле хоспитализирани и никој не умрел. Спротивно на тоа, 44 пациенти од помалата плацебо група завршиле во болница, а 9 умреле.

 
 

Во овој период САД се соочуваат со нов бран на корона вирусот, односно омикрон варијантата. Тоа се случува во период кога многу Американци патуваат поради празниците и одобрениот лек особено добро ќе се најде за третирање на заразени со омикрон варијантата, која според досегашните информации се многу позаразна од претходните и многу полесно ги совладува и вакцинираните лица.

На прес-конференција од Pfizer претходно истакнаа дека луѓето кои имаат примено и трета бустер доза од нивната вакцина се исто заштитени од омикрон варијантата како што се луѓето со две дози од вакцината заштитени од другите варијанти на корона вирусот.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

www.inovativnost.mk