"Волшебна елка" - хуманитарна акција за децата кои живеат во социјален ризик

„ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ е насловот на уште една хуманитарна акција што Црвен крст Охрид ќе ја намени за деца од социјално загрозените семејства.

 Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства.

Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него.

Акцијата трае од 13 до 23 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат непосредо пред Новата Година.

"Во декември, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик.

Бидете хумани!

Ве очекуваме кај ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА во KAM Village."- апелираат од Црвен крст Охрид.