ЈП "Охридски комуналец" со вонредни активности за чистење на градскиот кеј

 Согласно временските неприлики и засилениот јужен ветар, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” изминатиов викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на просторот околу градското пристаниште и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.

Големите езерски бранови по шеталиштето и во крајбрежниот појас исфрлија големи количини најразновиден отпад (тешко разградлив комунален отпад, трска , реса и др.) кои секојдневно се расчистуваат и транспортираат.

Со акцијата ќе се продолжи и во следните  денови.


Извор: www.ohrid.gov.mk