Од кујната на Виолета - тортици

Овој четврток нашата драга Виолета со нас споделува уште еден од богатството слатки рецепти. Денес таа ни подготви тортици. 

Еве што се е потребно и како да ги подготвите: 

4 јајца
12 лажици шеќер
2 филџани масло
2 филџани млеко
12-14 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао

Се прави пандишпан во плех со димензии 30х35, се печe и се сечe со чаша.

Се вадат круговите и се редат во друг сад.

Трошките се дробат со рака на ситно бидејќи се потребни за филот.

Фил:

200 гр шеќер
100 мл вода
Да зоврие и му се додаваат трошките и
2 лажици маргарин
100 гр сецкан или крупно мелен орев.

Со помош на лажица се става од филот врз секое кругче од пандишпанот.

Се декорира со шлаг крем со вкус на ванила.