Корона вирусот во Јапонија сам се уништил со катастрофална грешка при мутирањето

Пандемијата на КОВИД-19 во Јапонија доживеа неочекуван пресврт, а нивните научници тврдат дека делта варијантата самата себеси се истребила со катастрофална грешка при мутирањето.

Петтиот бран на пандемијата во Јапонија исчезна на толку драматичен начин што научниците останаа збунети како се случи. Еден тим од научници сега сугерира дека делта варијантата на вирусот мутирала и со тоа придонела за своето изумирање.

На средината на август во Јапонија е забележан нагол раст на случаи на корона вирусот со повеќе од 23.000 новозаразени дневно. Моментално тие бројки се паднати на само 170 случаи на новозаразени, а забележаните смртни случаи од болеста паднаа на едноцифрени бројки во ноември.

Драстичниот пад на новозаразените и смртните случаи се припишува на големата стапка на вакцинирани, носењето маски во јавност и другите епидемиолошки фактори. Но, дел од научниците сепак сметаат дека овој пад е уникатен.

Изури Ину, генетичар од јапонскиот Национален институт за генетика, верува дека Јапонија имала среќа и посведочи на тоа дека делта варијантата главно ги искоренила другите варијанти на САРС-КоВ-2 пред да се избрише самата себе. Ину и неговите колеги веќе некое време ги проучуваат мутациите на корона вирусот и како на нив влијае протеинот nsp14, кој е клучен за размножувањето на вирусот.

РНК вирусите, како новиот корона вирус, имаат голем степен на мутации, што им помага брзо да се прилагодуваат на промените во околината. Но, тоа отвора и можности за т.н. катастрофални грешки, односно кога лошите мутации се насоберат и предизвикуваат изумирање на некои варијатни. Изгледа дека проетинот nsp14 на некој начин нуди преглед на грешките и така помага геномот на вирусот за остане под прагот на катастрофални грешки.

Во случајот со јапонскиот петти бран на корона вирусот, Ину верува дека nsp14 на делта варијантата потфрлил во својата задача со оглед на генетската студија на примероци собрани од јуни до октомври годинава.

Бевме шокирани кога до откривем тоа. Делта варијантата во Јапонија беше многу лесно пренослива и ги истисна сите други варијанти. Но, како што се насобираа мутациите, веруваме дека со тек на време стана вирус кој повеќе не можеше да се реплицира“ појасни Ину.

Останува нејасно зошто Јапонија ја имала таа среќа затоа што ништо слично со корона вирусот не се случи во други земји од источна Азија. Ину и неговиот тим планираат својата студија да ја објават на крајот на ноември.

(RT)

(фото: Flickr)

www.inovativnost.mk