Од природните убавини - фламинга во посета на Охридското Езеро (фото: Зоран Спирковски)

Изминатите денови во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро беа забележани јато фламинга, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум.

Последен пат јато фламинга на Охридското Езеро биле забележани 2014 година, и карактеристично за нив е што не се гнездат во овие краеви. Тие населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни. На езерата слетуваат само по храна, а се хранат со одредени видови планктон. 

Уживајте во уште неколку фотографии од фламингата на нашето Езеро, кои се дело на охриѓанецот Зоран Спирковски.