10.000 лица поседуваат една третина од сите биткоин во светот!

Нова студија покажа дека речиси половина од сите биткоини во светот е в сопственост на неколку поединци, и покрај неодамнешниот пораст на популарноста, се вели во извештај на Bloomberg.

Студијата откри дека голем дел од рударењето на биткоин го прават мал процент на „рудари’, што значи дека потенцијално пазарот е оставен на милост и немилост на мала група. Истражувањето го спроведе американското Национално биро за економски истражувања и истото покажа  дека 1/3 од сите биткоини во светот се во рацете на топ 10.000 индивидуални инвеститори. Откриле и дека поединиците контролираат околу 8,5 милиони биткоини и дека првите најголеми 1.000 инвеститори поседуваат најмалку 3 милиони долари вредност на криптовалутата.

Истражувачите потенцираат дека овие бројки не се дефинитивни затоа што еден ист сосптвеник може да има биткоини на различни адреси. Тие додаваат дека топ 10% од сите „рудари“ на биткоин контролираат 90% од глобалниот капацитет за рударење, а 50% од вкупниот капацитет за рударење на биткоин е во сопственост на 0,1% од „рударите“. Предупредуваат и дека тоа значи оти мрежата на биткоин е ранлива на 51% напади.

Овој месец по прв пат откога постои биткоин почна да се тргува на Њујоршката берза. Критповалутата стекна многу голема популарност годинава благодарение  главно на инвестицијата од 1,5 милијарди долари во биткоин од страна на компанијата Tesla во сопственост на милијардерот Илон Маск.

(Interesting Engineering)

(фото: Freepik)

www.inovativnost.mk