Од кујната на Виолета - раванија со ореви

 Раванија со ореви – уште еден едноставен и многу вкусен десерт од кујната на Виолета.

За да го подготвите потребно е:

4 јајца
8 лажици шеќер
1 шолја од кафе браво масло
1 шолја од кафе браво млеко
1 шолја од кафе браво гриз
1 шолја од кафе браво брашно
1 шолја од кафе браво ситно мелени ореви
1 прашок за печиво

Шербет: 

3 чаши шеќер
3 чаши вода
2 ванилин шеќер

Подготовка: 

Се двојат белките од жолчките, белките се матат со миксер со шеќерот се додека не се добие бела смеса како за шлаг и му се додаваат жолчките.

Потоа се додаваат и останатите намирници и се префрлува смесата во добро подмачкан плех 20х20.

Се пече 20, 25 мин на 200°С.

Печениот пандишпан се сече дури е жежок.