Експертите предупредуваат дека годинава светот ќе произведе е-отпад потежок од Кинескиот ѕид

Потрошувачката на електроника е се поголем проблем во светот. Поради мноштвото уреди кои секоја година излегуваат на пазарот се зголемува и количината електронски уреди кои завршуваат на депонии во целиот свет.

 Според проценките на WEEE Forum (Waste Electrical and Electronic Equipment), годинава се очекува дека количината на отпадна потрошувачка електроника и електронска опрема ќе изнесува неверојатни 57,4 милиони тони, што е повеќе отколку што тежи Кинескиот ѕид.

Последните години се забележува постојан раст на количината електронски отпад на депониите во целиот свет. Во просек, секоја година луѓето од целиот свет произведуваат 2 милиони тони повеќе отпад отколку претходната, што е директна последица на се поголемата количина потрошувачка електроника и ограничените можности за поправка на уредите. Ако продолжи таквиот раст, до 2030 година можеме да очекуваме 74 милиони тони електронски отпад на глобално ниво.

Според некои студии, околу 40% од тешките метали кои завршуваат на депонија во САД доаѓаат од фрлени електронски уреди. Корисниците не саакаат да ги имаат само најдобрите и најпаметните уреди, туку и „најзелените“. Проблемот е што електронскиот отпад тешко се рециклира. Наместо да се искористат сите негови делови, најчесто се затрупува на депоnнија или се пали. Затоа експертите ги повикуваат домаќинствата, корпорациите и владите поаткивно да почнат со извлекување на вредните материјали, со што ќе се намалува количината електронаски отпад.

(Recycling Product News)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk