Холандски научници развиваат технологија која ќе ги замени иглите и инјекциите

Холандски научници работат на развој на ласерска технологија која ќе резултира со речиси безболно инјектирање вакцини без игли, а својот досегашен успех го сметаат за напредок кој кај дел од пациентите ќе го ублажи стравот од игли и ќе придонесе за се поголем број на вакцинирани во светот.

Уредот кој личи на пиштол со меурчиња користи ласер кој ги потиснува сите капки вакцина преку надворешниот слој на кожата, изјави Давид Фернандез Ривас, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), кој ја осмисли и ја реализираше оваа идеја.

Самата постапка е побрза од убод на комарец и не би требало да боли затоа што нервните завршетоци на кожата меѓусебно не се допираат. Стаклото во коешто се наоѓа тенчоста се загрева со ласер за неколку милисекунди, а потоа во течноста се создава меурче кое ја потиснува течноста преку надворешниот ѕид на кожата со брзина од најмалку 100 км/ч.

Таквата постапка овозможува вбризгување на течност низ кожата без какви било оштетувања или лузни. Не се гледа никаква рана, ни влезна убодна точка на кожата, вели Ривас и додава дека очекува неговиот изум да да придонесе за тоа повеќе луѓе во светот да се одлучат за вакцинирање, а истовремено ќе спречи ризик од контаминација поради нечисти игли. И на крајот, неговиот изум ќе придонесе за намалување на медицинскиот отпад.

(Zimo)

(фото: Flickr)

 
Извор: www.inovativnost.mk