Со нови 170.000 дрвjа Париз ќе ја подобрува климата во градот

Париз со години е една од градските средини со прекумерно загадување на воздухот. Сега, престолнината на Франција сака да ја подобри климата во градот со засадување 170.000 нови дрвја, јави ДПА.

Дополнителни дрвја треба да бидат засадени секаде каде што има простор, по улиците, на плоштадите, во парковите, како и на насипите на градската обиколница, соопшти градската управа.

Целта е борба против климатските промени. Дрвјата апсорбираат јаглерод диоксид (CO2), го подобруваат квалитетот на воздухот и придонесуваат за ладење на градот за време на летните топлотни бранови. Покрај тоа, дрвјата се природна бариера за бучава и визуелно загадување, што ќе го подобри здравјето на парижаните и ќе го намали стресот.

Париз е веќе еден од најбогатите престолнини со дрвја во Европа, нагласи градската администрација. Во самиот град има околу 200.000 дрвја, и уште 300.000 во урбаните шуми на Болоња и Винсенс.

Дополнителните дрвја треба да бидат засадени до 2026 година. Во првата сезона на садење 2020-21, веќе беа додадени речиси 14.000 млади дрвја. Градот работи со своја градина за дрвја за оваа намена.

Помалку од 1,5 проценти од дрвјата ќе треба да се исечат од безбедносни причини. Од 2014 година, Париз ги следи дрвата со автоматизиран систем: секое дрво има своја дигитална лична карта и годишно се проверува. Во просек, дрвјата по улиците не се постари од 80 години.

Францускиот државен совет летово јасно кажа дека итно се потребни напори за подобрување на климата во Париз. Тој ја казни државата со милиони евра за прекумерно загадување на воздухот во неколку метрополи, вклучувајќи го и Париз. 

Фото – Wikimedia

Извор: www.inovativnost.mk