Од кујната на Виолета - татлии со гриз

Денес нашата вредна Виолета ни подготви татлии со гриз. 

За подготвока на овие вкусни татлии потребно е:

1 јајце
1 чаша гриз
1 чаша масло
1 чаша јогурт
1 прашок за пециво
1 ванила
Брашно по потреба.

Се меси тесто се прават топчиња внатре се ставаат ореви се прпелаат  во гриз и  со нож од горе се засекуваат.

Се печат на помала температура подолго време додека добијат убава светла боја.



За шербетот, кој не се вари само се меша убаво да се стопи шеќерот, потребно е:

3 чаши шеќер
3 чаши вода
1 ванила
Лимон

Штом се испечат се полеваат  со ладниот шербет.