Од кујната на Виолета - чоколадна мус торта

За денес нашата вредна Виолета ни подготви чоколадна мус торта. Рецептот го споделуваме со вас. 

За подготовка на пандишпанот потребно е: 

3 јајца 
100 грама шеќер 
1 лажица какао 
30 грама путер
70 грама брашно
1 лажица прашок за пециво
1 лажица рум

Од наведените состојки се прави тесто кое се пече во тркалезен калап за печење со обрач кој се вади.

За подготовка на филот потребно е: 

2 жолчки
100 грама шеќер
12 грама нишесте
1 лажица екстракт од ванила
160 мл млеко
100 грама чоколадо

Филот се вари како пудинг и се трга од оган. Во него се додава една лажица инстант кафе и се меша да се соедини.  Потоа се додава лажичка желатин растворен со две лажици вода. Филот повремено се меша додека олади за да не фати коричка. 

200 мл слатка павлака се мати со миксер но претпазливо да не биде многу цврсто изматена. Во неа се додава од филот со лажица и убаво се мати. Изладениот пандишпан се става во поголем плиток сад и повторно му се става обрачот од калапот за печење. Пандишпанот се полева со филот, кој, и да биде потечен е во ред, бидејќи ќе се стегне од желатинот. 



Тортата се става во фрижидер неколку часа или најдобро преку ноќ. Пред сервирање се наросува со какао. 

На здравје!