Луѓето ќе доживеат до 130 години старост до крајот на овој век

До крајот на овој век ќе биде возможно луѓето да живеат по 130 години. Жана Калман е Французинка која живеела најдолго – родена била во 1875 година, а умрела во 1997 година на возраст од 122 и пол години.

Долгиот животен век на Французинката Жана со години е предмет на бројни студии, и пред и после нејзината смрт. Таа најголем дел од животот имала добро здравје и имала прилика да запознае многу историски личности, вклучувајќи го и познатиот сликар Винсент ван Гог кога била тинејџер.

Сепак, едно ново истражување покажа дека тој рекорд ќе може да биде побиен.

Истражувачи го анализирале животниот век на над 3.800 Италијанци кои доживеале над 105 години старост и на повеќе од 9.800 Французи кои доживеале иста возраст.Заклучокот бил дека над 110 години старот шансите да се продолжи да се живее се 50:50. Тоа значи дека секоја година после 110-тиот роденден на некој човек е игра на среќа.

Досега доживувањето 20 години плус беше многу неверојатно – шансите за тоа се 1:1.000.000. Сепак, се очекува со текот на времето да се продолжува животниот век на луѓето, и покрај пандемијата на КОВИД-19, па авторите на новата студија тврдат дека до крајот на овој век некои луѓе ќе доживеат и 130 години старост.

Д-р Лео Белзиле, статистичар кој ја предводел студијата од Бизнис школата HEC во Монтреал, вели дека како што се зголемува популацијата на Земјата се повеќе луѓе достигнуваат 100 и повеќе години старост.

Студијата е објавена во научниот весник Royal Society Open Science.

(Daily Mail)

(фото: Flickr)

www.inovativnost.mk