Претседателот на шаховската федерација на Европа Зураб Азмаипарашвили го посети ПСУ " Јахја Кемал " – Струга

 Претседателот на шаховската федерација на Европа,  Зураб Азмаипарашвили, заедно со претседателката на шаховската федерација на Македонија, Александра Гакидова, го посетија ПСУ "Јахја Кемал" во Струга. 



Bo ПСУ " Јахја Кемал " шахот е задолжителен предмет за учениците од 1 до 3 одделение, и изборен предмет за учениците од  4 до 6 одделение.



Гостинот од шаховската федерација на Европа Господинот Зураб Азмаипарашвили, беше пријатно изненаден од застапеноста на шахот преку настава во училиштето и одличниот развој на новите велемајстори.