Од кујната на Виолета - рецепт за малиџано

Време е за зимници, а нашата драга Виолета во овој период ќе ни сподели неколку идеи за вкусни рецепти кои можете да ги подготвите како дел од вашата зимница.
  
Овој четврток проследете го рецептот на Виолета за малиџано. 

За подготовка на малиџано потребно е: 

25 kg. црвени пиперки  - ајварки
12 црни домати
3 филџани вински оцет
2 филџани шеќер
сол по вкус
сенф
околу 2 литри масло за јадење

Од наведениве состојки се добиваат 14 тегли малиџано. 



Постапката е едноставна: 

Пиперките се чистат, се печат и се лупат. Црните домати се печат во рерна околу еден час. Откако и тие ќе се испечат и излупат, се оставаат со пиперките да се исцедат 2-3 часа. Потоа се мелат со машина и се ставаат да се пржат во поголемо тенџере (шерпа). Маслото се додава постепено во текот на пржењето, кога се додаваат и солта, шеќерот и оцетот. За наведената доза потребно е 2,5 до 3 часа пржење. 

Откако ќе биде готово, малиџаното се собира топло во топли тегли за добро да се пастеризира.