Од кујната на Виолета - мачмалоу коцки

Во денешната кујна, нашата верна Виолета ни подготви мачмалоу коцки.
 
За да го подготвите овој десерт, потребни се следните состојки:
 
 
За тесто:
 
6 жолчки
12 лажици шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
120 гр брашно
2 лажици какао
Половина кесичка прашок за пециво
 
Бел крем:
 
6 белки
12 лажици шеќер
4 лажици вода
10 лажици шеќер
 
Глазура: 
 
100 гр чоколадо
4 лажици масло
 
Подготовка: 
 
Жолчките се матат со миксер се додека се растопи шеќерот, се додава млекото, маслото, какаото, прашокот за пециво и на крај брашното.
 
Смесата се става во убаво намастен и набрашнет плех со димензии 20х30 и се пече на 200°С 20 минути.
 
Во меѓувреме се подготвува белиот крем.
 
Белките се матат со миксер, постепено му се додаваат 12 лажици шеќер се додека се растопи шеќерот.
 
Од останатите 10 лажици шеќер и 4 лажици вода се подготвува шербет и со лажица се додава во белките, се мати се додека не се добие убав густ крем.
 
Се вади од рерна веќе подготвеното тесто, се намалува рерната на 130°С и рамномерно со шпатула се распоредува филот врз тестото.
 
Се враќа во рерна уште точно 10 минути.
 
Се вади и уште топло се прелива со глазурата од чоколадо.
 
Се остава неколку минути да се излади и се сече на коцки.