Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

Вчера  во Трпејца беше заокружена четвртата Меѓународна уметничка колонија со учество на уметниците: Петрит Лараку од Поградец- Албанија, Елена Ѓурѓиноска од Русија, Наташа Попоска - Карче, Хава Реџеп и Ѓоко Симјаноски сите од Охрид.



 Споменатите уметници изминатите четири дена сликаа и се дружеа во Трпејца со љубопитните  мештани, учениците во подрачното основно  училиште „Наум Охридски“ и туристите. 

За моќта на уметноста и зближувањето меѓу  луѓето говорат и пораките од  уметниците  Владисав Богичевиќ  и Јовица Костиќ  учесници на второто  издание на колонијата,  кои во знак на поддршка на организаторот ветија дека  во својот роден град Ниш – Србија ќе изработат  две свои дела кои ќе станат дел од  годинашната Меѓународна колонија.



Животот на прекрасните слики веќе започна со нивното создавање  и  кога пандемијата со Ковид -19 ќе стивне се планира тие да бидат  претставени во Поградец и Охрид.

Организатор на колонијата беше Здружението „ За Трпејца со љубов“ помогнато од Општина Охрид.