Во Трпејца по четврти пат Уметничка колонија

Од денеска до понеделник во организација на Здружението  „За Трпејца со љубов“ во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид-19 ќе го задржи интернационалниот карактер.

Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платна ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче,  Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.  

Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и мештаните.

Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.