Во Данска корона вирусот повеќе не се смета за закана

Благодарение на добрата вакцинација против корона вирусот, рестриктивните мерки кои уште се на сила во Данска се укинуваат на 10 септември бидејќи болеста во таа земја повеќе „не се смета за закана по луѓето“, објави данското Министерство за здравство.

„Епидемијата е под контрола и можеме да се пофалиме со рекордна стапка на вакцинирани. Затоа на 10 септември ќе можеме да ги исфрлиме посебните рестриктивни мерки кои моравме да ги воведема во борбата со КОВИД-19“ изјави министерот за здравство на Данска, Магнус Хеунике.

Сепак, тој посочи дека пандемијата уште не е завршена и истакна дека данската влада нема да се колеба ако треба брзо да се делува во случај пандемијата повторно да ги наруши основните функции на данското општество.

Во март 2020 година Данска беше една од првите земји кои воведоа режим на делумно затворање. Оттогаш земјата постепено повторно се отвора. Во април се воведени дигитални пасоши, чија употреба засега е ограничена.

Во првата половина од август во јавниот превоз беше укинато задолжителното носење маски, кое доготаш беше единственото место каде што мораше да се носат маски. Од 10 септемвир се укинува и носењето здравствена книшка за влез во ноќните клубови и на големи собири. Од 5,8 милиони жители на земјата против корона вирусот се вакцинирани над 70%.

(Index)

(фото: Countryfaq)

www.inovativnost.mk