Заврши 33. Поетска ноќ во Велестово

Заврши 33-то издание на интернационалната манифестација Поетска ноќ во Велестово.

 Првата вечер се одржа на 20 август. Настанот беше отворен со мал музички концерт на Мартин Милески, а манифестацијата беше посветена на поезијата на Ристо Лазаров, за чие творештво беседеше Димитар Пандев, а стиховите ги читаше Ивица Цонев.



Беше отворена изложбата „Татко и син Упевче (цркви и мозаици)“, а специјални гости на настанот беа учесниците на Mеѓународниот семинар за македонски јазик, литeратура и култура.



Втората вечер, на 21 август, се одржа интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид, на кое учествуваа Сигурбјорг Трастардотир и Кристин Омарсдотир од Исланд преку видеопроекција, а настапија Надија Реброња од Србија и македонскиот поет Андреј Ал-Асади.

Третата вечер наречена „Поезија ‒ Залез“ се одржа на 22 август, а заради ковид-протоколите наместо на кајчиња во Охридското Езеро се одржа во месноста „на Каменон“ во Велестово, а учествуваа Д. А. Лори, Ивана Јовановска, Андреј Ал-Асади, Сашо Огненовски и Надија Реброња од Србија. Настаните беа добро посетени и покрај најновите протоколи за организирање настани во услови на пандемија, донесени неодамна од страна на владата.



Во оваа прилика организаторите на манифестацијата  им се извинуваат  на сите што не можеа да присуствуаат на настаните заради апсурдните и недоречени мерки и протоколи за заштита од ковид.