33. Поетска ноќ во Велестово ќе биде отворена со мал музички концерт на Мартин Милески, гитарист од Охрид

Мартин Милески е музичар од Охрид. Неговиот примарен инструмент е гитарата. Автор е на музичкиот албум “Colosseum full of emotions” кој содржи осум инструментални песни.

Неговиот матичен бенд е “Saidon” со кој подготвуваат нов материјал за албум. Негува повеќе музички стилови: метал, рок, блуз, како и изворната македонска музика. Настапува веќе тринаесет години уште од 14-годишна возраст. Неговите видеа може да се погледнат и на неговиот „Јутјуб“ канал на кои освен авторска музика има и разни преработки и интерпретации.

Во моментов работи на својот втор соло албум.
 
Слушнете ја песната „Колосеум полн со емоции“, песната според која е насловен и неговиот прв соло албум, во која со внимателно исткаени тонови и акорди Мартин ја раскажува својата животна приказна ‒ загубата на родителите, справувањето со реалноста и помирувањето со судбината. Неговата порака е дека што и да ни носи животот треба да сме храбри и со страст да работиме на остварувањето на нашите соништа: