Ова е најскапиот помфрит во светот

Ресторанот Serendipity од Њујорк може да се пофали со три светски рекорди за најскапи јадења, а последното на Гинисовата листа е помфрит од кој една порција чини дури 200 долари.

Овој помфрит се прави од компирот „чипербек“, кој е бланширан во киселина и шампањ. Потоа се пржи на чиста маст од гуска и тоа не еднаш, туку двапати, поради што од надворешната страна е крцкав, а внатре мек.

Потоа одозгора се посипува со злато кое се јаде и е зачинет со парчиња тартуфи и масло од тартуфи. Се послужува на кристална чинија со орхидеии, тартуфи исечени на тенки ленти и сос од сирењето „морне“. Во сосот исто така има тартуфи.

 

Тартуфот во ова јадење е главната ѕвезда“ вели главниот готвач во ресторанот, Фредерик Шоен-Кејверт.

Моментално за овој помфрит има листа на чекање од 8 до 10 недели. Ресторанот Serendipity веќе има соборено два Гинисови рекорди со својот хамбургер кој чини 295 долари и со сладолед од 1.000 долари.

Од Гинисовата книга на рекорди потврдија на 13 јули дека овој помфрит е официјално најскапиот на планетата Земја.

(Bizlife)

(фото: YouTube)

www.inovativnost.mk