Од кујната на Виолета - рецепт за Султанова сарма

Денес нашата креативна и неуморна Виолета ни подготви уште еден рецепт кој лесно и брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде - Султанова сарма. 

За подготовка на овој десерт потребно е: 

1 литар млеко
150 гр. шеќер
7 лажици брашно
1 пудинг од чоколадо
2 лажици какао
1 ванилин шеќер

Се вари се заедно како пудинг и на крај  се додава:

50 гр маргарин
50 гр чоколадо

На плех од шпорет се става 150 гр кокос и целата смеса со шпатула се распоредува по целата површина со кокос.

Се остава да се олади 40 минути.

200 мл слатка павлака се мати со миксер и се става врз изладената смеса со пудинг.

Се сече со нож и се виткаат мали ролати.
На здравје!