Нови наслови во охридската Библиотека

  Најновиот избор од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ го сочинуваат осум наслови во издание на Топер и Антолог.

Девојките од песочниот замок од Крис Бохџалијан, Остров од Дмитриј Орехов.

Следуваат романите: Господинот од Е.Л.Џејмс и Прашалникот е половина срце и Црвениот адресар обете од Софија Лундберј.

На пултот за издавање побарајте ги и Убиство со монограм од Софи Хана, Ослободување од Ирса Сигурдардотир  и Без своја земја од Ајше Кулин.

Пултот за издавање до 1 септември работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.

Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.