Игра Super Mario 64 продадена за рекордни 1,5 милиони долари

 Игра Super Mario за конзолата Nintendo 64 беше продадена на аукција за 1,56 милиони долари, што е нов рекорд за видеоигра, соопштија од американската аукциска куќа Heritage Auctions. Тоа е првата игра во светот продадена на аукција за над 1 милион долари.

Heritage Auctions претходно веќе постигнаа прв рекорд со продажбата на игра за некогашната конзола Nintendo NES, Legends of Zeldа, која во петокот беше продадена за 870.000 долари. Играта Super Mario 64, пак, е од 1996 година и прв пат користи 3Д.

Тоа е единствената позната копија која добила оценка 9.8 A++ на компанијата специјализирана за видеоигри Vata, која ја проценува состојбата на видеоиграта и тоа е највисоката оценка која некоја игра може да ја добие.

Последните години колекционерите се многу заинтересирани за класичните игри. Во април годинава игра Super Mariо Bros за Nintendo NES од 1986 година беше продадена за 660.000 долари.

(BETA)

(фото: Flickr)

www.inovativnost.mk