Георгиески: Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона!

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот официјален фејсбук профил објави дека плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона.

"Ова е вистинската слика како тие треба да изгледаат, слободни и тивки за вистински одмор за нашите туристи.






Овде во изминатиов период беа отстранети бесправните објекти и платформи по што екипите на ЈП "Охридски Комуналец" го расчистија градежниот шут и засадија дрвја.
 

 Сега туристите може да постават сопствен чадор или лежалка, да изберат каде сакаат да престојуваат без дополнителни трошоци." - напиша Георгиески.